Радио Милева ветено-сторено...

Марија Луиса Тодоровска се пофали со новите сандали, ама изгледа некому му го погоди фетишот: „Сакам да ти ги ли*ам стапалата, те молам стави слика со чорапи“ (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска се пофали со новите сандали, ама изгледа некому му го погоди фетишот: „Сакам да ти ги ли*ам стапалата, те молам стави слика со чорапи“ (ФОТО)

Фолкерката Марија Луиса Тодоровска има навистина чудна карма. Поточно, зрачи со фатална привлечност… ама за психопати, како што самата вели!

Имено, пејачката купила или добила на подарок сеедно, нови модерни сандали, па сакаше со нив да се пофали иуште по дома  ги обу на долгите нозе! Зашто ако имаш нешто ново, а да не се пофалиш со него, исто како да го немаш – вели македонското непишано правило, па затоа Марија реши истите да ги сподели на Инстаграм приказните со своите следбеници!

Арно ама, како што во „секое жито има и плевел“, така и меѓу нејзините следбеници има разно-разни  „пациенти“ кои не бираат ниту место, ниту време ниту пак зборови, за јавно да искажат какви желби имаат или поточно, како ја доживуваат пејачката.

Рака на срце, Марија и самата донекаде ги предизвикува со свите разголени објави, особено со онаа на која доминира тетоважата во пределот на интимата во подрачјето меѓу папокот и венериниот брег, со експлицитна порака: „Ли*и ме“!

И сега кога сексапилната битолчанка сакаше да се пофали со своите нови сандали, некому по се изгледа му го погоди фетишот…  Само што овој нејзин „обожавател“ ја „промашил темата“ или поточно „територијата“, па својата „лижавче“ навика ја дислоцирал малку подолу… Всушност, малку повеќе, изразувајќи желба на пејачката да и ги из*лиже стапалата!

При тоа побара таа да облече и чорапчиња, зашто така возбудата му била поголема, па дури и да му продаде еден-два пара нејзини чорапи и тоа носени! Чуму му се – не е баш за објавување, освен што е јасно дека ликот така најбрзо доживува… „еруптивна катарза“!

Марија, Инстаграм стори преписката ја објавила, ама и желбата му ја исполнила, па обула чорапи… Е сега, какви, тоа е друга работа.

До душа какво е надвор времето…  ќе и се најдат. И на пејачката и на нејзиниот обожавател кој има чуден фетиш, кој кога те моли, а ти ќе му ветиш… Редно е да му го исполниш ветеното, како што Марија покажа со стореното!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

 

To top