Не е тајна дека македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска е голема мераклика на играчки. Тоа уште еднаш го потврди откако седна на „Жешкото столче“ да одговара на незгодни прашања.
Така, јавноста откри дека од играчки сепак и се најслатки оние со чоколаден вкус. Затоа Марија Луиса Тодоровска и обожава киндер јајца. Додуша чоколадната содржина баш и не ја јаде, ама затоа штом дојде до играчката и се радува како мало дете и не ја испушта од рака.
И така правејќи го тоа со години, пејачката стекнала навика без играчка да не може да заспие.
Ама, како врват годините, се менуваат и навиките, а Бога ми и желбите и потребите, па страста по играчки кај пејачката „еволуирала“. Од играчки скриени во слатки киндер задоволства, во играчки за возрасни… За уште послатки задоволства кои страсно се доживуваат!
Така Марија Луиса дојде до својот „Тоше“ кој секогаш кога има неописива потреба и се наоѓа, верно чекајќи ја во некое ќоше! Со него си игра пред и после спиење, понекогаш за време на капење…
Со него нежно се гали и милува, неретко му зборува, знае да му се налути и скара кога на најслаткото ќе му откажат батериите, па дури знае со него и да вечера.
Дека е тоа така Марија Луиса Тодоровска потврди со доказ вид на фотографија. На неа чаша бело вино и романтична вечера за двајца. До душа, Тоше покриен за да не му го откријат идентитетот, ама затоа и тоа како подготвен за сетот… Оној што во вид на „жешка акција“ следува по романтичната вечера со неговата љубовница. Колбасите се сепак само дел од порцијата иако можеби некој помисли дека би можеле да бидат и мала увертира за главното шоу.
Впрочем, во игрите за возрасни за пејачката нема ништо спорно, зашто Марија Луиса својата играчка умее да ја „конзумира одговорно“!
Затоа и после завршувањето на секоја игра играчката оди на миење, а Марија со насмеано лице, задовол(е)на оди со селфи на спиење!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska