Марија Луиса Тодоровска е на пат повеќе да не биде естраден феномен… Имено, сексапилната битолчанка откако се пресели на привремено живеење во Скопје, кариерата и тргна како лансирана, па иако немаше ниту една своја песна Марија Луиса стана најбараната клубско-кафеанска пејачка, која нбргу се стекна со епитетот „кралица на бакшишот“.
Естрадно-кафеанска титула која се’ уште заслужено ја носи, откако после секоја ноќна свирка купот банкноти од домашни и странски валути едвај и го собира во гепекот на автомобилот. Феноменот да си толку платена, без ниту една своја снимена песна, деновиве полека ќе замине во македонската естрадна историја, зашто Марија бомбастично ја најавува својата прва сопствена песна. Или што би рекле во жаргон: Марија Луиса Тодоровска по втор пат „ја загуби невиноста“, само сега онаа музичката, со својата прва авторска песна.
Привлечна, пожелна, секси, оваа провокативна битолчанка до сега беше позната исклучиво по своите изведби на туѓите песни, домашни и регионални, а отсега Марија Луиса Тодоровска ќе има и своја. Една, ама вредна и да се недеваме прва – ама не и последна!
Заводливата и чешита пејачка стана општо позната по порно аферата од домашното или поточно хотелското еротско видео, а како одминуваше времето разголувањето и стана дополнителна активност за што поголема возбуда на своите следбеници на социјалните мрежи, кои се и нејзина потенцијална публика. По принципот, колку се повозбудливи разголувањата, толку се поголеми шансите тие да и дојдат на настапите и гостувањата, Марија Луиса полека но сигурно го откриваше најдоброто од себе.
Од дискретна еротика на гола кожа, па се’ до „пиштол гола“ поза!
@marijaluisa8 #new #viral #photoshoot #beauty ♬ original sound – Jelena
Покажа речиси се’ од она што мајката природа и го дарила, а естетската хирургија го надоградила, како и она што го има трајно исцртано,испишано и ставено на себе.
Тетоважите на екстремитетите и телото…
…Пирсот на пупачето и меѓу градите…
…Бакнежот на га*ето…
…И „влажниот повик – наречен желба“ испишан на интимата…
По сето ова, пејачката сега „се завери“ и со печат… Ама овој пат, „Печат во срцето“!
Наслов кој го го носи нејзината прва песна која наскоро треба да се појави. Марија уште отсега бомбастично го најавува своето првенче кое би требало да и го „завери“ и почетокот на една нова кариера… Сопствена, своја, многу повеќе медиумски експонирана, понаку доживеана и примена кај нејзината веќе постоечка, но и во срцата на новоосвоената публика.
Или како што самата пејачка порачува во најавата: „Некои работи се многу едноставни, кои ни го допираат срцето. Затоа што срцето има причини, кои логиката ги игнорира“!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska
Видео: TikTok/YouTube