Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска откако добро се „нафатира“ за Новогодишните празници и деновите потоа, целокупното заработено материјално добро реши да го складира во посебна кутија… За рози!
Зашто нивниот мирис Марија го обожава… Навика стекната на работа во кафеана!
Арно ама, како што е редот, секогаш мора да има некое непишано правило, некој ѓавол кој ќе ти го поремети раатот, па така и на пејачката се најде некој што непланирано и чепна во кутијата без да ја праша за да и набере понекоја „роза од букетот“!
Ова и тоа како ја изнервира битолчанката со скопска адреса, која повеќето од денот го преспива, а ноќта заради природата на работата ионака не е дома.
Имено, иако власта и ЕВН најавија поевтина струја и помали сметки, но пејачката кога ја доби последната сметка за потрошена електрична енергија, доби алергија. Сумата беше со таков квантен скок, кој кај Марија Луиса предизвика „електрошок“! Откако онака шокирана и накострешена малку се присобра, зашто ЕВН решил „да ја изгаси“, фолкерката беше решена да не им премолчи!
Мобилниот врака и ја фотографираше сметката која ја сподели на своите Инстаграм приказни, на кои реши струјаџиите да ги казни со тоа што јавно ги прозва и им се закани:
„Алооооо ЕВН, дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално“ – ги прозва и вербално оние што се обидо да и „брцнат во џебот“ и безобразно да и чепнат од заработката на Марија Луиса Тодоровска.
Сепак, сексапилната убавица реши уште еднаш да се преиспита за да утврди кој уред најмногу и троши?! Кој од домашните апарати е најголем потрошувач, па тргна од чиста логика дека најмногу би требало да троши оној уред, кој најмногу го употребува.
Марија не е по готвењето, па секако не е шпоретот, фрижидерот не е голем потрошувач, бојлерот можеби, ама не во толкави количини…
И тогаш и текна! Она што најмногу го користи од сите можни уреди е нејзината замена кога маж и недостига. Неговата замена во вид на играчка за слатки задоволства во секоја прилика и секое ќоше, нејзиниот силиконски пријател кого си го вика Тоше!
Но Марија Луиса само што помисли, веднаш сфати дека попусто се расфрла со „грешни мисли“ за сметка на нејзиниот најдобар силиконски „интимен пријател“, кога тој всушност струја и не користи, туку своите „неограничени можности“ ги напојува со батерии!
Така што EВН на Марија Луиса можеби и скрати од бакшишот, ама не и од она најслаткото, сексуалното задоволство!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska