Радио Милева пееше на прсти

Марија Луиса Тодоровска не е баш (качена на) толку „јака штикла“: Пејачката се пофали дека ќе им отвори работа на адвокатите и лекарите, арно ама испадна дека работа ќе имаат само чевларите! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска не е баш (качена на) толку „јака штикла“: Пејачката се пофали дека ќе им отвори работа на адвокатите и лекарите, арно ама испадна дека работа ќе имаат само чевларите! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска „не е жива“ ако не и се случи некоја догодовштина. Динамиката на настапите и е секојдневна, па пејачката едвај постигнува да стигне секаде, а патем уште и на секој настап поразлично да изгледа. Естрадната професија тоа си го бара, па затоа Марија голем дел од заработката троши на гардероба, облека, обувки, накит и разни  акцесоари… И тоа не било која или било какви, туку строго брендирани парчиња, зашто сакпиот изглед отсекогаш ти ја кревал цената. Особено ако си таму горе, на сцената!

А кога така дотерана и „скоцкана“ ќе се појави на бината, па уште кога ќе запее и заниша со колковите, замеша со карлицата и почне да врти со задницата втурнувајќи му  го бујното истурено деколте,  некому онака в лице… Е тогаш бакшишот сам излегува од џебот, па додека пее Марија колку повеќе заведува и провоцира, валутата се повеќе се мултиплицира… во нејзините раце или каде веќе.

Свесна за тоа,   Марија Луиса и тоа како се подготвува за своите настапи. „Упицанета“ од глава до петици, во латекс комбинација и брендирани високи потпетици, сексапилната битолчанка со скопска адреса на престој и привремена работа, тргна во својата секојдневна акција – поход на бакшиш!

Самоуверена до максимум, убедена дека оваа вечер ќе пружи таква забава што ќе им отвори работа на многумина… Најмногу на лекарите и адвокатите. Арно ама… Додека онака распеана и разиграна, вешто „им го молзеше бакшишот“ на расположените гости, среде „кеш жетва“ и самата стана „жртва“!

Имено, само еден „погрешен чекор“ и скапите брендирани сандали се направија „партали“… Високата потпетица во која е интегрирано името и логото на самиот светски бренд, во еден момент се скрши, откачи, одлепи… сеедно!

Ама на Марија Луиса воопшто не и беше сеедно, зашто мораше остатокот од вечерта да го „пее на прсти“, што е тешко изводливо или барем никако не е лесно!

Се’ на се’, излезе дека  Марија Луиса Тодоровска не е баш (качена на) толку „јака штикла“. Пејачката се пофали дека ќе им отвори работа на адвокатите и лекарите, арно ама испадна дека работа ќе имаат само чевларите!

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

To top