Радио Милева колку шега, толку вистина?

Марија Луиса Тодоровска додека настапува има три златни правила и едно кога е сама пред огледало: „Ало, Холивуд ли е тоа…?“ (ФОТО+ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска додека настапува има три златни правила и едно кога е сама пред огледало: „Ало, Холивуд ли е тоа…?“ (ФОТО+ВИДЕО)

Секоја професија си има свои специфики, своја тежина, па така и естрадната. Никому не му е лесно, па ни на пејачките, колку нивната работа и да изгледа лесна и весела, од типот: „Само си пеам“! Напротив, ниту оддалеку не е баш така, зашто освен неспиењето, загушливиот воздуш во локалот, галамата… и уште еден куп пропратни нешта, естрадниот уметник мора да се соочи и со желбите на гостите.

А тие во многу ситуации се речиси невозможни. Секој сака своја песна, ама неговата желба веднаш да му биде исполнета, нема кој не сака да ја „поашка“ пејачката, додека таа му пее на увце, да ја изгушка образ до образ, а ако е малку потпијанет, ако може дури и да ја седне во скут, не постои некој кој не сака да наздрави или да направи селфи со неа… Со еден збор, пејачката покрај пеењето има полни раце работа, гостите би да имаат „полни раце“ со пејачката… Ако може, се разбира!

Епа токму затоа, Марија Луиса Тодоровска има три златни правила додека настапува, па истите ги сподели на своите Инстаграм приказни.

Се молат гостите:

  1. Да не ја гушкаат пејачката… зашто ме гушат.
  2. Да не снимаат со блиц… Оќорев!
  3. Да не ми се дерат на увоб кога нарачуваат песна… Оглувев, ме чешаат ушињата. Ви благодарам!

Се разбира чешитата битолчанка сето ова го обзнанила само колку за да се пошегува, арно ама во секоја шега, половина вистина велат, па некои сериозно ја сфатиле!

Впрочем гостите тешко дека ќе го променат однесувањето, а и пејачката… Како што жена за убавина мора сешто да трпи, така за добар бакшиш мора и фолкерката!

Затоа пак кога ќе си дојде дома со полна чанта илјадарки, евра и долари… Па кога ќе застане прд огледало, чувството е единствено. Ма ни Холивуд оваа ѕвезда ја нема. Се разбира повторно на шега, иако… Во секоја шега нели, половина вистина има?

@marijaluisa8♬ original sound – mariianailic

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

Видео: ТикТок/marijaluisa8

To top