Радио Милева заслужи или се потруди ?!

Марија Луиса Тодоровска добива комплименти од сите страни, а овој пат и самата се зачуди кој и го подели иако му фалеа една – две букви! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска добива  комплименти од сите страни, а овој пат и самата се зачуди кој и го подели иако му фалеа една – две букви! (ФОТО)

Фолкерката Марија Луиса Тодоровска блеска со привлечност и еротска убавина скоро на сите објави кои ги споделува дури и на  оние  доколку сака малку да покрие, позадината случајно сама ја открива.

Па ако не Луиса, огледалото е „виновно“ што ја издава.

Или можеби случајностите не се баш случајни, па пејачката ужива да покаже и малку повеќе за да привлече внимание со она што може и што го има и во лето и во зима.

Затоа за нејзината убавина добива комплименти од сите страни, од се’ што е околу неа па дури и од нешто што и таа самата се зачуди. Пејачката погледна во супата и од неа си ќари возбудливи зборови кои и го кренаа расположението.

„И супата ми зборува“ – напиша Марија на објавата откако ја постираше фотографијата каде јасно пишуваше: „Е мноо си секси“.

Едно „О“ е сигурно вишок, а „Г“ и „У“ може недостасуваат во буквите на супата, ама затоа на Марија Луиса никогаш не и недостасува смисла за хумор за добро расположение. А и таков и е стилот, секогаш во прв план да го истакне сексапилот.

Е сега, дали таа се потрудила или буквите во супата случајно сами и се наредија на Марија Луиса, е прашање за… АНАЛиза.

А, букви во супата… Секому може да му зафалат. Важно е да имаш желба… За сркање… супа!

Фото: Принтскрин/Instagram/luisa.todorovska

To top