Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска е се’ побарана. И на тезги, по локали и по ноќни клубови, а и по свадби и веселби. Иако на оваа на која се пофали дека викендов била, не објасни дали била ангажирана да пее или била присутна само како гостинка. Ама затоа сексапилната битолчанка објасни какво „слатко подароче“ добила од невестата.
Имено, општо е познато дека некои свадбарски адети од времето важат и денес, само што малку се модифицирани, прилагодени на модерните времиња и трендровите! Така на пример, порано невестинскиот букет познат како бидермаер кој го фрла невестата свртена со грб, се нетпреваруваа да го фатат немажените моми со надеж дека таа што ќе го фати ќе има среќа прва да се омажи. Сега редот и турканицата се малку поголеми, оти во редот стојат и мажите. До душа не баш оние вистинските, ама сеедно… така е модерно.
Како што кога доаѓа моментот на сечење на невестинската торта, заедно со парче од тортата повторно немажените и неженетите адет е да добијат и по едно бомбонче… За да ги „фати мајата“. Арно ама, по се’ изгледа дека и во тој сегмент модата се сменила, па некои го модифицирале чинот со тоа што наместо бонбонче даваат малечко колаче.
Дека токму такво добила се пофали и македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска на свадбата на која и самата присуствувала и тоа во вид на „сладок подарок“ од невестата.
Пејачката по малку збунета и зачудена, го споделила на своите Инстаграм приказни колачето со невообичаен облик, иако далеку од тоа дека на Марија и е непознат, појаснувајќи дека го добила од невестата… Веројатно како „невестински благослов“, за и пејачката што побргу „да ја фати мајата“?
Иако за да се оствари невестинската желба, Марија ќе мора што побргу „благословот“ да го лапне! Бидејќи е малечок, може и во еден потег!
Чисто за да не му помине рокот на траење, па да мора да го фрли во ѓубре и од благословот ништо да не бидне!
Патем, кај овој „невестински благослов“ задоволството е двојно. Ем заради обликот, ем овој е толку сладок, што се топи в уста!
Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska