Радио Милева во негова чест

Марија, ќерката на покојниот Џеј тетовирала зборови од неговите песни на нејзиниот грб (фото)

Марија, ќерката на покојниот Џеј тетовирала зборови од неговите песни на нејзиниот грб  (фото)

Поминаа две години откако познатиот пејач Џеј Рамадановски замина, а неговата ќерка Марија Рамадановски откри дека никогаш нема да може да ја оплаче смртта на својот сакан татко.Таа признава дека не поминува ден да не се сеќава на својот татко, а Марија сепак применува дел од неговите совети кога е со другарките.

Откако тој почина, таа го сака уште повеќе, токму затоа што многу и недостига.Таа е горда и среќна што и другите го паметат по неговата добрина, смеа, радост и музика, а каде и да се појави денес наидува само на пријатни средби.Како што открила во пресрет на годишнината од неговата смрт, омилени песни на Џеј биле „Честитка манје“ и „Живот је жена без морала “, а за песната „Неделја“ изјавила дека тоа е филм, а не песна .

– Го истетовирав текстот на песната „Сунце љубови“, тоа е единствената тетоважа што ја имам и таа му е посветена на него. Посебно ја сакам таа песна – емотивно откри Марија Рамадановски.Таа истакна и дека „Неделја“ не сакал да ја пее, но дека и Џеј не ја сакала многу .-Како да почувствува нешто.Секој ден се сеќавам на него – изјавила Марија.

Фото: Принтскрин/Драгана Удовичиќ/Ата Имаџес

To top