Марија Килибарда се смета за една од најатрактивните српски презентерки, а по објавеното секси селфи, крена толку голема прашина на социјалните мрежи, што дури и го сменија прекарот.
Ирина Вукотиќ, со кого имаат одлична релација, и „ја свари чорбата“, па направи голема шега на нејзина сметка .
Презентерката се фотографираше облечена во фустан од латекс, со длабоко деколте без градник, па секси селфито го објави на Инстаграм и лавината коментари веднаш тргна.
„Од сите прекари што ги имам предничи ‘Мара – брат’, па затоа еве го ова селфи… Нека стои…“, напишала сексапилната Марија.
Колешката Ирина Вукотиќ веднаш и возврати:
„Сестро, ха,ха, ха… Ти ја заврши својата кариера „брат“ токму во овој момент“.
Од друга страна, нејзината добра пријателка, актерката Анѓелка Прпиќ, кратко напиша што мисли:
„Ауууу сестро…“ – алудирајќи дека Марија покажала толку голема женственост на фотографијата, со што засекогаш го отстранила споменатиот прекар „брат“ од нејзиното име.