Водителката на популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, Марија Килибарда тврди дека доколку би требало да се маскира сака да се најде во улога на некој познат рапер со светла коса кој нема никаква сличност со неа.
Таа вели дека сака да се забавува и да ги померува границите на професионален план, а и по 19 години искуство вели дека најголем комплимент е кога некој и вели дека пренесува позитивна енергија.
„„Горда сум на тоа што останав доследна на себе. Сите мора да се прилагодуваме и да останеме доследни на времето во кое се наоѓаме, но ако си автентичен и свој од почетокот, тогаш си успеал да се прилагодиш на времето, а тоа значи дека си успеал и дека траеш“ вели водителката.
Таа откри кое прашање не и го поставиле колегите, а сакала да биде прашана.
„Никогаш никој не ме праша: „Добро Маро, зошто толку си ослабена?“ Можеби затоа што немале основа да го постават тоа прашање. Ова се шегувам на своите килограми кои стално варираат, па дури и по десет килограми“ вели Марија.
Инаку, Марија може да ја гледаме како водителка и петтата сезона на „ТЛЗП“.