Радио Милева за пофалба

Марија Егеља пред еден месец роди син, а сега изгледа како милион долари: Ова е нејзината тајна  (фото) 

Марија Егеља пред еден месец роди син, а сега изгледа како милион долари: Ова е нејзината тајна  (фото) 

Кога ќе ја видите нејзината извајана фигура, ќе ви биде тешко да поверувате дека се породила пред нешто повеќе од еден месец.

Убавата водителка се породи пред нешто повеќе од еден месец, и на свет донесе машко дете по име Алекса. А, прекрасна е причината поради која нејзиниот партнер Алекса Дабиќ и Марија на својот син му го дале ова име.

– Се договоривме да смислам име за синот, а мојот сопруг за ќерката. Сакав да има слично имеи лик како него, а Алекса е скратена верзија на Александар. Мојот сопруг го поддржа мојот предлог, а јас на шега велам дека всушност сакав син ми да го носи името на неговиот татко – открила Марија. 

Сега, иако помина многу малку време од породувањето, Марија успеа за рекордно време да ја доведе својата фигура до совршенство. Водителката облече тесни црни панталони и маичка и покажа дека нема вишок грам.

Многу жени знаат колку е тешко да се одржи или да се врати линијата по породувањето, па ова е навистина подвиг достоен за пофалба. Марија еднаш откри како ја одржува тежината, а она што за многумина беше неверојатно е тоа што нејзината исхрана вклучува и слатки задоволства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @marija.egelja

– Сите ме прашуваат како секогаш изгледам исто, понекогаш мислат дека малку се разликувам по тежина. Зависи што носам. Ќе ви ја откријам тајната, јадам сè, само умерено и во одредено време. Сакам слатки и кога доаѓам кај моите родители, полицата со слатки ми е секогаш полна, знаат дека ги сакам. Секогаш треба да јадете сè во умерени количини. Се мерам секој трет ден и штом е малку над мојата тежина, превземам санкции – изјавила Марија за Блиц.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Егеља

 

To top