Радио Милева

Марго Роби ќе биде Барби

Марго Роби ќе биде Барби

Австралиската актерка Марго Роби (28), ќе ја „оживее“ иконската кукла Барби во кино салите.

Оваа улога претходно им била понудена и на Ејми Шумер и Ен Хатавеј, меѓутоа ја одбија.

– Чест ми е да ја преземам оваа улога за која верувам дека ќе има неверојатно позитивно влијание врз децата, изјавила австралиската актерка.

Таа додава дека не би можела да замисли подобри партнери од „Ворнер Брос“ и Мател, творецот на најпопуарната кукла Барби.

Филмот, кој допрва треба да има титула, режисер и датум на издавање, ја означува првата соработка помеѓу двете американски компании.

Досега е познато дека неговата премиера е одложена до 2020 година.

Инаку, славната Барби своето деби го имаше на американскиот саем за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година, каде се појави првпат и оттогаш стана омилена играчка на малите девојчиња.

Останати вести од Радио Милева