Мегафон

Mанифестацијата се враќа на голема врата: „Глумците пеат“ на 20-ти април во Македонската опера и балет

Mанифестацијата се враќа на голема врата: „Глумците пеат“ на 20-ти април во Македонската опера и балет

„Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена“, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата.

Таа меѓудругото вели дека никогаш досега не и било потешко да напише статус и да ги оддели емоциите од работата (професионалноста).

„Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката. Оваа година ќе биде на 20-ти април, во Македонската опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26-ти март, во чест на 27-ми март, светскиот ден на театарот. Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти“, напиша Маја Бабиќ на социјалните мрежи додавајќи дека во идниот период ќе следат уште информации поврзани со овој голем музичко-забавен настан.

To top