Манекенки со три гради дефилираа на модната недела во Милано. Двете “необични“ убавици учествуваа во церемонија на GCDS, сопштува Dazed.
Девојките беа облечени со кратки здолништа и неонски топови од колекцијата пролет-лето 2019.
Дизајнерите на брендот добиле инспирација од хит фантастична филмска приказна на Пол Верховен „Total Recall“ и одлучија да ги „декорираат“ манекенките со трета вештачка дојка, која е прикажана под облеката за време на шоуто.
Во филмот, во кој главните ликови ги играат Арнолд Шварценегер и Шерон Стоун, актерката Луција Наф ја толкува улогата на мутантката Мери, која има три гради.