Деми Роуз отсекогаш ги поместувала границите на својата голотија, без оглед на тоа дали станува збор за појавувања во јавноста или пак позирања за својот Инстаграм профил на кој има над 17 милиони следбеници.
Деми Роуз (26) веќе е позната по своите оскудни изданија во кои позира и на својот Инстаграм профил, но секогаш успева да ги изненади сите.
Манекенката која се прослави со изразените облини и фотографии во минијатурна облека, била снимена како доаѓа на забава во лондонски ресторан во кој се промовирало лансирање на новата колекција на еден моден бренд.
Деми облекла свилена креација со бројни прорези и ленти, па растегнатата ткаенина одвај го покривала нејзиното раскошно деколте и другите делови од телото.
Но, веќе искусната Роуз самоуверено позирала пред фотографите и не се грижела дали ќе покаже премногу.
Инаку, атрактивната Англичанка последнава година ја поминува во Шпанија на Ибица, остров популарен поради добриот ноќен живот.