Бившата сопруга на Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска, по разводот со водителот ужива во љубовта со новиот избраник, некогашниот фудбалер Јеврем Косниќ.
Парот повеќе не се срами јавно да ги покаже емоциите, откако беше откриено дека се заедно. Имено, тие беа фатени од екипата на шоуто „Папарацо лов“ во емотивно издание, на белградските улици додека се шетаа и речиси цело време се гушкаа и бакнуваа.
Даниела не ја криеше среќата и цело време се смешкаше, а обајцата до доцна вечерта се шетаа низ центарот на главниот град. Иако ги препознаа многу случајни минувачи, тие не се криеја и опуштено и лежерно се шетаа и уживаа во убавото време.
Да потсетиме, манекенката за прв пат беше фотографирана со Косниќ минатата недела на една модна ревија во Будва. Таа го коментираше својот емотивен статус кој го опиша како „среќен“.
„Можам само да кажам дека сум среќна, само тоа ќе го искоментирам на темата за мојот приватен живот“ – истакна неодамна Даниела.
Додека манекенката и поранешниот фудбалер уживаат во врската, дотогаш Огњен Амиџиќ планира свадба со својата колешка од „Амиџи шоу“, Мина Наумовиќ , со која е во врска речиси една година.