Руската манекенка Ксенија Пантјус (21) е во болница откако паднала од третиот кат од зградата во која живее нејзиното момче во Москва.
Наводно „се срушила“ низ прозорецот на станот, а соседите ја нашле полугола во грмушките на температура од минус пет степени.
Манекенката се здобила со повреди на главата и градите, скршеници на нозете и карлица, а полицијата започна истрага за чудните околности на несреќата.
„Таа не се сеќава на ништо друго освен на нејзиното име“, рече еден од соучениците и пријателите на Ксенија.
Моделот е во животна опасност, а врз нејзе веќе се извршени две операции.