На изборното Собрание на МАН кое се одржа вчера, вторник, 05 септември 2023 год. во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје, со одлука на Извршниот и Надзорниот одбор, беа доделени посебни признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството.
Во разни години, различни медиуми трпеле политички или економски притисок, а успеваат да останат на нозе и да продолжат да работат. Последните години пример за притисок е Алфа ТВ.
Заслугата за тоа што тие и покрај сето тоа успеваат да бидат во врвот на македонското ТВ новинарство е тимска, но како награда за целиот тим ние во МАН ја издвојуваме Искра Коровешовска, главен уредник во најголем дел од тој тежок период со наградата за автентичност и самостојност во ТВ новинарството, во свое име и за целиот им на Алфа.
Генерално телевизиите произведуваат програма. Оваа и ланската година највпечатлив производ од продукцијата на македонските телевизии е ТВ серијата “Бистра Вода“ на Алфа ТВ.
Во таа тимска работа издвојуваме двајца маѓионичари, врвни професионалци, без кои оваа серија немаше да биде тоа што го видовме.
Затоа, две награди за оние кои за серијата го создадоа крајниот, финалниот впечаток.
Игор Василев – награда за музика за ТВ серијата “Бистра вода“.
Валентин Видовиќ – награда за перфектна тонска обработка за ТВ серијата “Бистра вода“.
И секако за Јани Бојаџи – награда за најдобра продукција, сценарио и режија за серијата “Бистра Вода“.
Независните и комерцијални медиуми се појавија во деведесетите и создадоа нов информативен и демократски простор.
Во основањето и развојот на комерцијалните медиуми, во оваа прилика издвојуваме шест професионалци кои имаат посебен придонес како одновачи и децениски уредници на главни македонски медиуми.
Драган Павловиќ Латас, основач и главен уредник на Радио Вокс, на дневниот весник Вечер 7 години и ТВ Сител 22 години, а исто така и основач на МАН и 12 години генерален секретар на организацијата.
Бранко Героски, еден од основачите и главен уредник на весникот Дневник, водечки дневен весник во Македонија додека постоеше. Автор на Тв емисии на А1 ТВ, основач и уредник на неколлку неделни изданија, а и на весникот Слободен печат, како и основач на порталот Плусинфо.
Николина Јакимова, директор на Метрополис, најголемата радиска групација која според МАН остава најдлабок печат како групација во слободниот радиски простор.
Во оваа група, како долгогодишни професионалци, но и главни уредници на најтиражните дневни весници во Македонија се:
Предраг Димитровски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата.
Дарко Јаневски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова – награда за професионални стандарди во новинарството во областа на економијата
Извршниот и Надзорниот одбор на МАН и благодарат на Канал 5 ТВ, особено на директорот Иван Мирчевски, кој даде целосна и несебична поддршка заедно со МАН да ја организираме хуманитарната акција за помош на настраданите по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
Канал 5 – награда за општествена одговорност и хуманост по земјотресите во Турција.
А бидејќи успеа да освои и повеќе меѓународни награди во промоција на македонската култура и националите интереси, МАН му доделува признание на Иван Мирчевски, директор на Канал 5 ТВ.
Новинарството не е само политика, туку е и култура во која спаѓа и фимската, телевизиската продукција, но и забавата и естрадата.
Посебно признание од МАН доби и уредникот на нашиот портал Вистина.ком.мк – Антонио Димитриевски – ТВ и радио водител, новинар и уредник за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура, естрада и забава во новинарството.
Како и Јована Стојменовиќ – за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура и забава во новинарството.
Марина Ристевска – доби награда за најдобар снимател/камерман во Македонија, како првото женско-снимател во независна Македонија, која го отвори патот за други колешки кои сега се сниматели или камермани. Таа несебично работеше во многу кризни ситуации, како што беше состојбата во 1999 година и војната 2001 година.
Матеја Петровски – награда за најдобар репортер во Македонија, кој поставува вистински прашања, на вистински теми за да им ја пренесе вистината на гледачите и читателите.