Нашиот актер и шоумен, Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото.
Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова.
Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар.
Во неколку интервјуа во домашните медиуми Игор има изјавено дека љубовта на Анче и Александар била голема, трпелива и раскошна.
Имено, кога маестро Александар ја запросил Анче од нејзиниот татко, легендарниот Прличко, тој на идниот зет му рекол дека Анче досега ја проселе важни луѓе како амбасадори и конзури, па не ја давал за музичар.
Во една прилика таткото на Игор по загубата на неговата сакана Анче има изјавено:
-Кога си отиде Анче и јас отидов, тука сум само онака, кажа во една прилика маестро Џамбазов.
Инаку, Анче Амбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје.