Радио Милева
Следува хаос...

Малолетничка бременост, подведување, вонбрачно дете, претепување… Животот на Александра Суботиќ, идната учесничка во „Задруга“ е бетер од турска серија (ФОТО)

Малолетничка бременост, подведување, вонбрачно дете, претепување… Животот на Александра Суботиќ, идната учесничка во „Задруга“ е  бетер од турска серија (ФОТО)

Новата учесничка во реалното шоу “Задруга 2” има само 22 години, а нејзиниот живот е како од турска серија или латиноамериканска сапуница.
Александра Суботиќ го привлече вниманието на медиумите кога беше обелоденето дека иако била малолетна, детето и го направил Александар Чабаркапа, тогашниот љубовник на нејзината мајка Љуба Пантовиќ.

Александра и нејзината мајка често се расправаа дури и јавно, пред камерите, а сите беа шокирани кога Суботиќ изјави дека нејзината мајка ја подведувала за пари.

Од друга страна, Љуба на прашањето кого  смета за најголем виновник за однесувањето на нејзината ќерка, без двоумење го обвини нејзиниот сопруг Караѓорѓе Суботиќ.

„Директен виновник е нејзиниот татко, кој и ‘понуди прво да и го купи училиштето, потоа и вети кули и градови, а ме нарече проститутка. Бев лошата, затоа што побарав да го заврши училиштето“ – ќе изјави бодибелдерката.

За време на учеството во „Парови“,  Александра ќе се вљуби во Дејан Драгојевиќ, а нејзината љубов беше крунисана пред камерите со брак.

Со Давид Драгојевиќ, братот на Дејан, Далила Драгојевиќ ќе започне љубовна врска, а меѓу Александра и нејзе  ќе завладее непријателство и нетрпеливост, во што и гледачите на ова ријалити можеа да се уверат. Секојдневните кавги и навреди завршиле со прекин на комуникацијата помеѓу нив двете, а поради тоа дури и двајцата браќа, наводно, целосно го прекинале контактот.

Александра Суботиќ неодамна го обвини нејзиниот поранешен љубовник дека ја нападнал и се заканувал, апотоа и ја претепал, па наводниот татко на нејзиното дете бил уапсен заради овие нејзини тврдења и бил притворен 48 часа.

Останати вести од Радио Милева