Многу од познатите личности ги сменија имињата во уметнички, па сега малкумина знаат како всушност се викаат.
Доста од пејачите своето вистинско име го сменија во уметничко и поради лесно запаметување и затоа што не им се допаѓа оригиналот. Можеби најпознато е дека Фахрета Јахиќ е Лепа Брена, а тоа име настана сосема случајно:
На тренерот му беше тешко да ме вика Фахрета, Фахрета! Играв најчесто центар. Мои пријатели беа Мила, Ката… Сите кратки имиња. И ми вели: „Ќе те викам Брена“. Велам: „Која е оваа Брена?!“. Како прво, глупаво име. Мислам, од сите имиња што можеа да бидат поубави?! , изјави Брена и додаде дека многу години подоцна Минимакс и го додал епитетот „Убава“.
Вистинското име на пејачката Силвана Арменулиќ беше Зилха Бајрактаревиќ, додека на Лепосава Мушовиќ и беше полесно да го достигне врвот на шоуто како Лепа Лукиќ, но и пејачот Адолф Топиќ. Не знаете кој е тоа? Одговорот е – Дадо Топиќ.
Позвучно беше Радојка Аџиќ да се претстави како Дара Бубамара, Милојко Китиќ како Миле, а Беки Бекиќ како Бехлуљ Бехлуљи, додека Гордана Надежда Полиќ се здоби со популарност како Ана Бекута, таа еднаш изјавила:
За мене името Ана Бекута беше многу поефикасно, поради што на почетокот на кариерата мојот пратечки ансамбл го нареков Анаба. И името беше дел од имиџот, рече пејачката.
Малку повеќе им е познато, особено на белграѓани, дека Аца Лукас го добил своето уметничко име, бидејќи популарноста ја стекнал пеејќи на сплавот „Лукас“, инаку неговото вистинско име е Александар Вуксановиќ. Меѓутоа, Џеј Рамадановски има поинаков проблем, имено, не веруваат дека тоа е неговото вистинско име, а виновникот е неговата мајка, која сакала стрипови и наишла на името на херојот „Џеј“.
Некои естрадни уметници го менуваат името од практични причини, други го менуваат затоа што морале, додека некои изгледа се срамат од своето вистинско име, па останува нејасно дали Нада Топчагиќ е всушност Сенада или Надија, иако таа тврди дека е Нада.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Е- Сток/Часлав Вукојичиќ