Некои пријателства се навистина изненадување, особено кога јавноста не знае многу за тоа, како примерот со актерот Ненад Језиќ и познатиот српски пејач (47).
Имено, Ненад е многу близок со Жељко Јоксимовиќ (47), кому дури и му беше кум на неговата прва венчавка, односно свадбата со Весна, со која пејачот ја има ќерката Мина.
„Во последно време, нашите естетски ставови многу се разликуваат, па затоа сме најзадоволни кога евоцираме спомени од младоста. Тоа е најинтензивната, најсилната врска меѓу нас. Тој е човек кој работи на себе и би сакал неговиот неизмерен талент да го насочи во друг правец. Како и да е, ќе го зачуваме неприкосновеното: кумството и сеќавањата“ – ќе рече Јездиќ во една прилика.