Радио Милева Раскошно

Малкумина ова можат да си го дозволат: Ѕирнете во луксузниот стан на Милица Павловиќ (фото)

Малкумина ова можат да си го дозволат: Ѕирнете во луксузниот стан на Милица Павловиќ (фото)

Милица Павловиќ со многу вкус и стил го уредила нејзиното место на живеење, а од напорната работа успеала да си дозволи сопствен стан. Пејачката пред неколку години реши да вложи пари во недвижен имот за да си направи вистински дом.

Пејачката живее во луксузен дел од главниот град, поточно населбата Запад 65 во Нов Белград.

За нејзиниот стан, кој е околу 90 метри квадратни, Милица издвоила 270.000 евра и во него вложила дополнителни 50.000, така што вкупниот трошок бил околу 320.000 евра, пренесува „Задоволна“.

Како што можеме да видиме на нејзините фотографии, Павловиќ се потрудила секој агол од нејзиниот дом да биде посебно уреден, со посебен мебел, бои и стил.

Милица е доста активна на социјалните мрежи, па често знае да ги израдува нејзините следбеници со објави, а оние на кои им се допаѓа нејзината работа имаат можност да ѕирнат и во нејзината кујна а и во другите делови од нејзиниот дом.

Пејачката ангажирала дополнително и професионалци да и го уредуваат просторот, па нема апсолутно никаква грешка и сѐ е направено на највисоко ниво.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/СеноритаМилица

 

To top