Радио Милева турбо младост

Млада Бугарка го овековечи ликот на својот идол: Галена на тетоважа! (ФОТО)

Млада Бугарка го овековечи ликот на својот идол: Галена на тетоважа! (ФОТО)

Галена очигледно во моментов важи за една од првите три, ако не и најголемата фолк ѕвезда во Бугарија. Љубовта на обожавателите кон Галена е непоколеблива и се изразува на различни начини, а понекогаш дури и ја надминува имагинацијата.

Најновиот доказ дека пејачката е идол на многу млади луѓе доаѓа од Елизабета Стојчева. Таа го овековечи со тетоважа ликот на својата сакана изведувачка на уникатен начин кој ги восхити и другите обожаватели на Галена.

На  една од фан страниците на ѕвездата  на социјалните мрежи се појавија и првите слики на двете дами и новата тетоважа на раката на Елизабета.

Цртежот е како  украс на раката на младата девојка, а многумина и се восхитуваат на храброста и изворот на инспирација.

To top