Имено Панчо на помош повика некои од своите пријатели, па музичкиот циркуз го збогати со специјален декор, точки на жонглерите и кловновите, и уште нешто…Нешто што секој „нема срце“ да го направи, ама Панчо има! Мал, мал, ама… очигледно, храбар колку што е голем, Панчо го покажа питонот! И тоа пред сите, среде дискотека!Цврсто го држеше в раце, а потоа го стави околу врат… Едниот, па потоа и другиот, оној, таканаречениот албино питон… Двете змии очигледно се новите пријателчиња на ДЈ Шорти П, како дел од неговиот нов „музички циркуз“!
Патем, по едно селфи со неговите нови придружни артисти не ќе да е на одмет, па затоа Панчо реши да го овековечи моментот кога им се приклучи на големите светски музички ѕвезди.
Зашто само тој и Алис Купер настапуваат со змии околу вратот на сцена!