Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020 конечно го дочека својот почеток по една година одложување поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Како што е обичај во последно време, пред почетокот на премиерниот натпревар помеѓу Италија и Турција се случи и церемонијата со која и официјално беше отворено Европското првенство.
На церемонијата, за прв пат во историјата се развеа и македонското знаме, кое беше централно позиционирано и можеше да се види во многу наврати во текот на преносот.
Церемонијата беше отворена од легендите на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти и Алесандро Неста, а потоа во ревијалниот дел настапија и Андреа Бочели, како и ликот на пејачот Боно Вокс во вид на холограм и Ди Еџ, обајцата од легендарната груоа „U2“, заедно со ДЈ Мартин Гарикс, кои ја изведоа официјалната химна на Европсото првенство.