Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ денеска се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.
Илинден или ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.
По тој повод македонските јавни личности се огласија на социјалите мрежи и го честита овој голем македонски празник.
Kалиопи на својот „Инстаграм“ напиша: Честит Илинден Македонија.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
ČESTIT ILINDEN ,MAKEDONIJO! #Macedonia #always #and #forever #ilinden #mymacedonia
Влатко Лозаноски исто така преку социјалните мрежи го честиташе празникот и ги покани своите фанови вечерва да дојдат на неговиот концерт во Охрид.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
За мн години нека ни е #Илинден ❤?? Се гледаме вечер на стадион ? #Охрид
Кон честитките се приклучи и Стефан Филиповски од „Некст тајм“ кој напиша: „Честит Илинден да ја сакаме и чуваме Македонија“.