Радио Милева последно збогум...

Македонските јавни личности се простуваат од Драган Вучиќ

Македонските јавни личности се простуваат од Драган Вучиќ

Македонскиот водител, пејач, музичар  и композитор Драган Вучиќ почина денеска на 65 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ.

Како што пренесуваат медиумите, Вучиќ починал како последица од коронавирус.

Тој бил позитивен на Ковид-19 и хоспиталиран на Инфективната клиника во Скопје.

По влошување на здравствената состојба, Вучиќ бил ставен на респираторна машина, но за жал, не ја доби битката со вирусот.

Македонските јавни личности на социјалните мрежи почнаа да се збогуваат со својот пријател, колега…

До објавувањето на текстот, овие познати се збогуваа од Драган Вучиќ на социјалните мрежи.

Александар Тарабунов

„Нека ти е лесна земјата, почивај во мир легендо. Беше голем човек што зрачеше со добрина и позитивна енергија“.

фото: Инстаграм

Антониа Гиговска

Почивај во мир голем човеку…Мило ми е што те познавав. Ве молам без лажни изјави дека починал од „Корона“. Јасно ми е во каква ситуација се наоѓаме, но има и полоши болести.

фото: Инстаграм

Анета Молика

Ми беше чест да бидам дел од неговите емисии. Почивај во мир.

фото: Инстаграм

Огнен Здравкоски

„Предобар човек, немам зборови. Почивај во мир кралу“.

фото: Инстаграм

Милена Антовска

Водителката Милена исто така се прости од својот колега постирајќи заедничка фоторафија.

„Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната. Денеска со огромна болка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова. Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет. Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито…
Почивај во мир драг пријателе“, напиша таа на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Елена Велевска

И пејачката Елена Велевски се прости од водителот преку социјалните мрежи.

„Другар бе, нели нешто спремавме за септември“.

 

фото: инстаграм
фото: инстаграм

Љупчо Мирковски

Од Драган Вучиќ се прости и македонскиот музичар, композитор, уметнички директор на Макфест и Скопски фестивал, Љупчо Мирковски кој на социјалните мрежи напиша:

„За жал ја изгуби битката…Почивај во мир, другарче мое“.

фото: фејсбук

Сања Сани Гродоздановска

Фолкерката Сани исто така се прости од македонскиот водител…..

фото: фејсбук

Владимир Блажев

Владимир Блажев односно Панчо од ДНК исто така се збогуваше од Драган Вучиќ истакнувајќи кога дознал дека е позитивен на корона веднаш му пратил порака.

„Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил : ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ….. Е сега денс тоа срце е тажно ? Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и естрадата .
Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе …..
Легендите живеат вечно“.

фотo: Инстаграм

Симона Поповска

Пејачката Симона исто така со неверување се прости од македонската легенда.

фото: инстаграм

 

Драган Вучиќ познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.

To top