Зимските денови сѐ уште траат, па македонските познати личности решија секој слободен момент да го искористат за уживање и одмор на планина, како на далечните дестинации така и во поблиските ски – центри како Копаоник.
Познато е дека некои од нив веќе беа на планина и ги искусија зимските лудории, но уживањето на чист воздух секогаш е добро и примамливо на снегот, како и релаксацијата во хотелските спа – центри.
Овој пат изборот на дестинации се протегаше од Копаоник во Србија па се до Австрија.
Манекенката Катарина Ивановска веќе еднаш беше во Маврово заедно со нејзината пријателка пејачката Тамара Тодевска и тоа со децата каде уживаа и се забавуваа на снегот кој тогаш не беше доволен.
Катерина сега покажа дека повторно отпатувала на зимување но, сега на една од најпосетуваните планини во Србија.
Имено манекенката моментално престојува на Копаоник каде сега ужива во снегот и зимската магија, па сними дел од моментите и ги сподели со нејзините следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Шармантната и позитивна водителката Александра Пановска – Илиевска ги искористи слободните денови и замина во еден познат ски-ресорт во Австија заедно со семејството.
Таа позираше со нејзината наследничка, ќеркичката Сара, а широка насмевка не ја тргаше од лицето.
View this post on Instagram
Македонската екс – ТВ водителка, а денес се’ уште позната како атрактивна скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ обожава да патува, а секој слободен миг го користи за одмор. Таа овој пат реши да сподели со нејзините следбеници дека заминала на планина и им прати видео поздрав, но не ја откри локацијата.
Таа позираше во нејзин стил, вртејќи ја камерата кон ски – центарот за подобро да ја долови снежната убавина, а потоа се топлеше покрај отворениот оган заедно со нејзиното милениче.
Да се надеваме дека познатите јавни личности од Македонија ќе бидат доволен мотив за да ве поттикнат да заминете и да направите прошетка на некоја дестинација пред да дојде крајот на волшебствата што ги нуди зимата.
Фото: Инстаграм принтскрин
Видео: ТикТок