Страшната трагедија во модуларната ковид болница во Тетово, која во пожарот што ја зафати целосно изгоре, однесе 14 човечки животи, а уште 12 лица се потешко или полесно повредени. Несреќа од невидени размери, со фатален крај за многумина кои дошле да се спасат од опакиот вирус, а животите ги завршија страшно во пламените јазици на огнот.
Тетово и Македонија во солзи, знамињата спуштени на половина копје, државата во тродневна жалост, истрагата во тек, надлежните без вистински одговори на новинарските прашања и она што треба да го знае јавноста… И додека семјствата едвај се соочуваат со огромната болка и тага заради ненадоместливата загуба, власта на чело со ресорниот министер Венко Филипче се повикува на познатата „излижана“ флоскула: „Да почекаме што ќе покаже истрагата“!
Догаш етиката, моралот, чувството за одговорност, за „образ“… покажува кој го има, а кој – НЕ! Дури и тогаш кога на сите им е јасно што треба прво да се направи!
Во меѓувреме додека јавноста ги чека одговрите и одговорноста и оставките, со бес, очај и неверување остро реагира на социјалните мрежи, но и со длабока тага сочувствува со најблиските на починатите, им се нуди помош на повредените.
Меѓу останатите граѓани и македонските јавни и естрадни личности го изразуваат своето сочувство… Најмногу на своите профили на Инстаграм, Фејсбук, преку Твитер… Со слика, збор, емотикони како израз на емоции… И тага и бес и горчина и очај…
Помеѓу другите, еве што објавија на своите профили на социјалните мрежи некои од нив…
Игор Џамбазов,
Калиопи Букле,
View this post on Instagram
Тамара Тодевска,
Катарина Ивановска,
Панчо – ДНК,
Лила Филиповска,
Кристина Димитриевска,
Миа Костова,
Викторија Лоба,
Лина Пејовска,
Ване Марковски,
Елена Велевска,
Фото: Социјални мрежи