Радио Милева
црно на бело...

Македонските фолкерки во „рајот на земјата“: Адријана Кеш и Ирена Вељовска уживаат на Занзибар (ФОТО)

Македонските фолкерки во „рајот на земјата“: Адријана Кеш и Ирена Вељовска уживаат на Занзибар (ФОТО)

Кај нас зимата допрва ги покажува забите, а таму каде што заминаа двете македонски фолкерки што и да ве мачи, за миг ќе се опоравите. Зашто прекрасниот зелен остров Занзибар е вистински божји дар… Рај на земјата, каков што на малку места на планетава остана. Токму таму двете македонски фолкерки, приватно и блиски пријателки, Ирена Вељовска и Адријана Кеш, решија да уживаат за сите пари… Како совршен пар за одмор на Занзибар.

Родната куќата на пејачот на легендарните „Квин“, фасцинантниот Фреди Меркјури е едно од оние места кои мора да се посети.

Особено ако сте му колешки, како нашите две фолкерки. Има што да се види, а можеби и нешто поднаучи.  Ако не од пеење, барем по некоја сценска поза!

Прекрасните песочни плажи и тиркизно сината проѕирна вода на океанот се нешто што е неповторливо. Место за сончање, пливање и дневно уживање.

А потоа, малку на лулашката од лијаните, малку на плетена лежалка под палмите…

А штом влезете во тиркиз водите на океанот, блиската средба со делфините под вода може само пријатно да ве изненади.

И вас и нив, особено ако налетаат на сирена во танга како Адријана.

А кога пливањето ќе ви здосади, следува малку прошека покрај брегот и позирање по песочната плажа…

Или игра со желката, чисто онака, за да видиш  чија уста подобро и подолго, може да го задржи листот од зелката.

Кога сме кај игрите, додека едната обожува да си игра со животинскиот свет од природата, другата повеќе има мерак да се дружи и журка со мажите од домородното население.

Со широка насмевка „од шестка до шестка“ додека танцуваат со „белата тетка“ поединци не го симнуваат погледот од неа, додека таа така насмеана и расположена, главниот го гледа право в очи…

 

Или можеби погледот и кочи на друго место, меркајќи колкав му е стапот? Оној што го држи в рака секако, иако тој е само дополнение на нивниот аутфит, само реквизит како декор на локалниот фолклор. 

Но, дружбата со локалните фраери не завршува тука… Не барем за Ирена.

Малку прошетка по град, па која ќе следи и мала размена на погледи…

Па и возење со бротче на некое осамено островче и… Кој да знае…? За она понатаму нема докази… Нема „црно на бело“ дали можеби се’ не завршило со… „црно на бело“?

Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska/adrijana_acevska

 

Останати вести од Радио Милева