Радио Милева пиши му да побрза...

Македонските фолкерки во акција: Тргнаа да го бараат принцот, едната го најде само коњот! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонските фолкерки во акција: Тргнаа да го бараат принцот, едната го најде само коњот! (ФОТО+ВИДЕО)

Деновите предновогодишните празници, Нова Година, Божиќ и Василица се вообичаено најдобриот зимски тајминг за богата  „тезга“   кај музичарите и пејачите, особено кај фолкерите. Токму една таква мешовита машко-женска екипа конкрајот на 2019 година замина за САД, каде во периодот од нивниот Божиќ до наша Василица има настапи и ги забавува, весели и расположува нашинците за време на празниците.

Во екипата доминанти двете дами – Адријана Кеш и Џесика Палашоска. Згодните македонски фолкерки како светло-темна „еурокрем комбинација“ жарат и палат и со својот глас и со својот стас.

Заоблени задници, длабоки деколтеа и гради на мегдан  како дополнителен мамец за богат бакшиш од нашите „Американци“. Заедно со останатите пејачи и музичари од екипата во САД го дочекаа и нивниот и нашиот Божиќ, а помеѓу двата – и Нова Година, а сега на ред е и Василица…

Обете пејачки покрај сето останато се’ уште се немажени, па двете моми престојот во САД решија да го искористи и за друга намена. Имено, Џесика и Адријана патем тргнаа да си ја бараат среќата во љубовта, барајќи го принцот на својот живот…

Но, наместо принцот на бел коњ атрактивната русокоса налета само на коњот… И тоа во еден маркет. До душа не е бел, туку розов и е еднорог, ама што дека… Џеси штом го виде, веднаш го грабна во прегратки, па паднаа и првите бакнежи ово „љубовта на прв поглед“.

„Моето ново момче“ – напиша Џесика покрај споделената фотографија на социјалните мрежи, па веднаш потоа сфати дека ова момче е добро само да го гушнеш за пред заспивање… За пред и после спиење, сепак ќе мора да си најде ново, вистинско момче.

Затоа Џеси реши да го засили сопствениот маркетинг, експонирајќи ја убавината на сите свои телесни атрибути… Бујната предница и уште побујната задница на битолската убавица осамнаа во костим за капење на плажа, среде декември во Флорида.

 

На ваков раскош принцот само што не го паркирал коњот крај базенот, за на Џесика да и го разубави денот.

Адријана не остана ништо покуса, па и таа се соблече, и се придружи на Џеси во дводелно црно мини – бикини и се испружи во секси поза крај базенот… Патем, со песна и се обрати на колешката да го потсети принцот: „Пиши му да побрза“…!

Љубовниот исход на двете фолкерки е се’ уште неизвесен: Ќе го најде принцот и ќе останат со него во САД или ќе се вратат дома сами? До душа, ако и ништо не биде, Џесика барем половично си го исполни сонот –  за утеха, секако си го има коњот!

 

 

To top