Радио Милева летна морска авантура

Македонските фолк ѕвезди заедно на море на луд провод: Гавазова со сопругот, Сани гушната со непознат маж?! (ФОТО)

Македонските фолк ѕвезди заедно на море на луд провод: Гавазова со сопругот, Сани гушната со непознат маж?! (ФОТО)

Дека на естрадата не се сите конкуренција која не се поднесува и не сака да се види меѓу себе, и дека помеѓу пејачките баш и не владее неподносливо нетрпение, максимално покажаа двете, можеби последниве години и најпопуларни македонски фолк ѕвезди.

Имено, Сузана Гавазова заедно летува со  Сања Сани Гроздановска. Двете пејачки се на заеднички летен одмор на црнгорското крајбрежје, во Будва, каде ги полнат батериите за претстојниот напорен период што им следува. Концерти, клубски  настапи, свадби, семејни веселби, кафеани, … се дел од работата која летово ги чека Сузана и Сани!

Затоа, додека се на одмор и двете знаат како максимално да се опуштат и да уживаат во убавините на летото, амбиентот, сончевите денови, морето, плажата, климата… За да се акумулира што повеќе Де-витамин, енергија и сила, за есента и зимата!

А штом денот помине и се спушти ноќта, двете македонски убавици излегуваат за да ја почувствуваат магијата и моќта на ноќниот провод и забавата.

Колку и да се чини дека им е преку глава од локали, сепак „душата навикната на песна“ и самата сака да се забавува, па Сани и Сузана заедно осамнаа на она што им најблиску и најпознато – на фолк журка кај една позната регионална фолк ѕвезда.

Клубот преполн, атмосферата „вжештена“, а забавата и расположението на македонските фолк убавици нема граници!

Обете секси облечени, Гавазова со длабоко светкаво деколте во кое доминира бујниот раскош, Сани во модерни хеланки и топ, и обете исечени од страните, налик на шкрги на ајкула… како што впрочем и доликува на така згодна „риба“!

Гавазова расположена во друштво на сопругот Јасмин, а Сани…? Сани уште порасположена разиграна, распена, насмеана, фолкерката фатена како гушка непознат маж?!

И пред да тргнат шпекулациите, дали тоа Сани по вториот развод има нова љубов, за евентуала „трета-среќа“, веднаш да ја расчистиме  дилемата и сите недоумици. Човекот е само семеен пријател на Гавазова и нејзиниот сопруг, хотелиерски менаџер кој со својата сопруга е дел од веселото друштво на подиумот.

Секоја друга помисла би била надвор од умот!

А, дека македонските фолкерки и кога не се на сцената знаат како да се забавуваат, покажуваат фотографиите и видеата што ги споделуваат.

Впрочем, одличниот провод дента, го завршија со заедничко селфи со ѕвездата на вечерта, колегата Шако Полумента.

Па догодина, кој знае…? Можеби токму на неговото место, или пак на сцената на некој друг будвански локал или кафеана,  ќе се најде некоја од нив или можеби и двете: И Сани и Сузана?!

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova/sani.grozdanovskasanja

 

 

 

 

 

 

To top