Никако да дојде крај на пандемијата со коронавирусот која трае повеќе од една година.
Населението ширум светот се вакцинира со вакцина против корона и што побрзо да заврши ова лудило.
Голем број од познатите од светот исто така се вакцинираа и ја користат својата популарност да апелираат до сите граѓани да примат доза вакцина против корона.
Кумановецот Марио Арангеловски на публиката стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Јелена Карлеуша.
Јелена неколку пати во емисијата истакна дека тој е омилен кандидат и дека многу верува во него. Меѓутоа, Арангеловски испадна од музичкото шоу, а како што истакна на социјалните мрежи не планира да се врати и завршил со појавувањето во „Ѕвездите на Гранд“.
View this post on Instagram
Арангеловски е активен на социјалните мрежи, тој често снима и влогови за Јутуб, па ги известува и неговите следбеници што има ново.
Така овој пат, македонскиот пејач објави дека примил вакцина против корона. Имено, тој објави фотографија додека го бочкаат, а во описот напиша:
„Готово е“.
Неговите следбеници го поздравија овој негов потег.