Марко Маринковиќ кого јавноста, особено онаа естрадната многу повеќе го знае под уметничкиот прекар Слаткар(истика), вчера се појави на својот Инстаграм профил со модро око!
Раперот најприн објави фотографија на која се сликал со голема модринка под левото око, а во описот на фотографијата напишал:
„Паметните луѓе простуваат… Ама јас сум глупав во последно време“!
Засега никому не му е јасно кој вака го „нашминкал“ Слаткар, но оние што умеат да читаат меѓу редови, од неговата порака веднаш сфаќаат дека раперот нема да седи мирен додека не го возврати ударот. Кога и како, со која тактика, знае само желниот за одмазда, Слаткаристика!
Она што сака да биде познато срамежливо го најави во второто, овој пат видеообраќање, во кое Марко Маринковиќ појаснил дека вака го „унередил“ некој, со кој очигледно добро се познава. Што е причината не кажа, ама затоа најави дека денес, среда 27 декември после 14.00 часот ќе ги соопшти деталите.
Во меѓувреме во споделеното видео само кусо објаснил што се случило: „Ме нападнаа едни к*њи, еден ку*тон што глуми Дон… Самата истрага уште е во тек, ама мислам дека утре (за денес) после 13 или 14 часот ќе можам сите детали да ги изнесам“ – сподели раперот, иако во неговата веродостојност многумина „со искуство“ веднаш се посомневаа, тврдејќи дека Слаткаристика одбрал добра тактика да „глуми маркетиншко лудило“ пред Нова Година, како најава со кревање џева за нешто што допрва на музички план од него следува!
„Ѓаволот лежи во деталите“ – велат, а упатените тврдат оти деталите кај Слаткаристика укажуваат дека има модринка на окото без видлив подлив и испукани капилари!!?
Па сега вие видете дали раперот навистина бил претепан или само сака да ве насамари, да ја лапнете јадицата и да загризете на неговата „евтина приказна“ од улицата?
Впрочем, да почекама до рано попладне и да видиме дали навистина Слаткар некој со тупаница го „нашминка“ или се’ е само (не)вешт трик и „уметничка шминка“?
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/slatkaristika.official