Кога сте медиумска личност често сте по објектив на камерите и медиумите, кои редовно информираат за активностите, успесите на познатите, но и нивниот приватен живот.
Секоја професија си има свои предности и мани, а да се биде музичар воопшто не е лесно. Тргнувајќи од изборот на песни, нивна екранизација, промовирање, настапи, концерти..
Македонската музичка сцена може да се пофали со неколку добри музичари, некои повеќе популарни, некои помалку.
Меѓу нив може да се вброи и Александар Тарабунов кој потекнува од музичко семејство, па не чудно што музиката е негов избор и правец.
Меѓутоа, деновиве Тарабунов на „Инстаграм стори“ сподели фотографија на која позира со водителката Николина Славковска со објаснување: Сакам да изјавам до сите медиуми дека се откажувам од музиката и ја менувам професијата, одиме со Нина на терен.
Исто така тој објави како и се подготвува во просторитее на 1тв, а дали навистина Тара ќе ја смени професијата и ќе го видиме во улога на водител, новинар или пак станува збор за гостување во некоја емисија на спомнатата телевизија останува да видиме.
фото:принтскрин