Додека на српската естрада до неодамна владееше паника бидејќи Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син беа позитивни на коронавирус, сега владее паника меѓу спортскиот свет затоа што Новак Ѓоковиќ и Јелена се заразени со Ковид 19.
Во Македонија се уште се зголемува бројот на заразени.
Македонскиот музичар Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на корона, а тој ова вест ја потврди преку својот „Фејсбук“.
„Не е грев да се добие ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова“, напиша тој.
Спасен откри како се заразил, но и како се чувствува.
„Бев во контакт со инфицирано лице со Ковид-19 и одлучив да направам и јас тест, кој за жал денес покажа дека е позитивен, односно дека во моментов сум позитивен на Ковид-19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешкотии, но како што е процедурата во интерес на општо добро ке се придржувам кон самоизолацијата се до добивањето на два последователни негативни теста. Ви посакувам здравје на сите, внимавајте на вашите контакти и со Господ напред се гледаме за 14 дена, јас пиво частам“ додава тој на „Фејсбук“.
Потсетуваме, македонскиот пејач, водител, музичар и композитор Драган Вучиќ почина поради компликации со корона.