Радио Милева корона не го заобиколи7

Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“ e во изолација поради позитивен тест на коронавирус – откри како се чувствува

Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“ e во изолација поради позитивен тест на коронавирус – откри како се чувствува

Пандемијата со коронавирусот покажа дека не бира млади, стари, познати, непознати, богати, сиромашни…

Короната владее од март претходната година, а бројот на заболени постојано е во континуитет. Многу познати беа заболени од Ковид 19, некои поминаа со лесни симптоми, други со потешка клиничка слика, а некои ја изгубија битката со чумата на 21век.

Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гоце Бошковски – Чоки на својот „Фејсбук“ откри дека е позитивен на коронавирус и дека веќе 10ти ден е во изолација.

=10ти ден во изолација поради позитивен ковид тест…. Уште малку остана… Добар сум фала му на Бога…. Чувајте се“, напиша тој покрај селфито.

фото: фејсбук

Инаку, Гоце го помина и четвртиот круг во „Ѕвездите на Гранд“, а како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме,.

To top