Радио Милева момче за се'...

Македонскиот олимпиец нема за што не го бива: Врвен атлетичар, рапер, инфлуенсер, официјален спикер на „КК Црвена ѕвезда“… Јован Стојкоски е вистински мултиталент (ВИДЕО)

Македонскиот олимпиец  нема за што не го бива: Врвен атлетичар, рапер, инфлуенсер, официјален спикер на „КК Црвена ѕвезда“…  Јован Стојкоски е вистински мултиталент (ВИДЕО)

Охриѓани, но и оние кои ја следат атлетиката добро го знаат името на  Јован Стојкоски и познаваат момчето кое пред две години на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио ја претставуваше Македонија.

Тој на последниот глобален светски собир во Јапонија настапи во трката на 400 метри, но за жал  без да ја мине квалификациската група.

Стојкоски кој е член е на „АКК Охрид“, во моментов се’ уште е сопственик на два државни рекорда и тоа во трките на 100 и 200 метри и во штафетата 4 х 100 метри.

Но Јован не е само врвен спотрист, туку ако погледнете со што се занимава, ќе заклучите дека ова момче – Македонче е вистински мултиталент!

Покрај врвните атлетски способности, „jst400“ – како што гласи неговиот уметнички прекар е и одличен рапер, инфлуенсер, а неодамна беше и официјален спикер на еден од мечевите на КК Црвена Ѕвезда во Белград.

„Луѓе, денес ја добив таа чест да бидам спикер на нтпревар од Евролигата пред 20.000 луѓе. Немам трема ниту малку, сепак сум настапувал на олимписките игри… За мене ова е ‘мачкина кашлица’ “ – се пошегува во најавата пред своето спикерско деби Јован, кој феноменално си ја заврши работатата, па откако добро се покажа доби понуда и за постојан ангажман?!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Stojoski | Olympian (@jst400)

Патем, селфито со “тенискиот бог“  Новак Ѓоковиќ кој беше присутен во арената, беше неизоставно…

А кога сме веќе кај белградска Арена, откако одлично се покажа како официјален спикер,  Јован како „jst400“ ги покажа и своите музичко-раперски способности, па ја отпеа или поточно одрапува неговата песна „Ноќу“ (Ноќе), за што доби силен аплауз. Полн со самодоверба, раперот веднаш посака и шеговито вети дека еден ден и тој ќе ја наполни пет пати Арена, како Александра Пријовиќ!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Stojoski | Olympian (@jst400)

А, дека шегата и забавата на македонскиот олимпиец не му се страни, покажува и на социјалните мрежи каде со своите шеговити скечеви умее да ги насмее оние кои го следат.

Така на пример погледнете како изгледа кога Јован ја учи својата партнерка – Груберка, да зборува македонски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Stojoski | Olympian (@jst400)

А, вака изгледа видеото и звучи песната „Ноќу“ која Јован, односно „jst400“ и Груберка заедно ја изведуваат:

Фото: Инстаграм/jst400

Видео: Јутјуб

To top