Таа е вистинска убавица од новата генерација македонски манекенки и модели, на која никој не може да и одолее. Девојка од соништата, на која дамите и завидуваат, по која машките воздивнуваат, копнеат и сонуваат.
Крупни зелени очи, долга костенлива коса, вита става на која никој не може да остане рамнодушен и долги нозе „уз врат“, како заштитен знак. Ако на сето ова му ги придодадете убавите природни гради и извајаниот заоблен задник, ги добивате телесните одлики на Бојана Нушкова, девојката за која велат дека е на најдобар пат „да и ја украде славата“ на Катарина Ивановска.
Бојана полека тоа и го остварува, освојувајќи ги најпрвин регионалните и балканските модни центри како што се Белград или Истанбул каде што таа често престојува. Рекламни фотосесии, модни едиторијали, еротски арт позирања… Сето тоа зачинето со доволна доза на еротка, уметничка голотија или разголено скокотливо модно позирање, за клиентиот и купецот што побргу да загризе и повеќе да се навлече… на производот што се рекламира, се разбира.
А, македонската убавица очигледно никогаш немала проблеми со споделувањето на своите телесни атрибути со јавноста. Без оглед за што и да се работи, кога се во прашање наведените работи.
Слободна и опуштена, во заводливо кокетирање со објективот на камерата, без оглед дали на себе рекламира некое модно парче, најчесто бикини или долна облека или позира сосема гола, како од мајка родена од сите предрасуди и стеги ослободена.
Токму таква Бојана е на последните споделени црно-бели фотографии од нејзината уметничко-еротска „урбана пасторала“, каде долгоногата убавица, како што мајка природа ја создала, брилјира додека позира… максимално разголена или сосема гола!
Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova/darko_ar/ivan_ivanovski