Радио Милева
наскоро родители

Македонскиот фудбалски репрезентативец наскоро ќе стане татко: Сестрата на некогашната водителка на „Бекстејџ“ е бремена (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец наскоро ќе стане татко: Сестрата на некогашната  водителка на „Бекстејџ“ е бремена (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација во важниот меч против Исланд триумфираше со 3-1 и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022.

По напорниот меч и целата еуфорија тие овие денови имаат пауза за да ги соберат сите впечатоци по победата која се славеше до доцна во ноќта.

Дел од нашата репрезентација е и фудбалерот Дарко Велковски кој наскоро го очекува уште една радост освен  пласманот во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар идната година.

Имено девојката на 26 годишниот фудбалер, Тамара Чуприна е бремена и наскоро тие ќе станат родители за прв пат на момче.

Тамара инаку е сестра на познатата водителка Драгана Чуприна која беше позната во јавноста во минатото.

Идната мајка на Инстаграм е често активна, а како трудница изгледа речиси совршено, погледнете.

Останати вести од Радио Милева