Радио Милева љубов,мода,страст

Македонски сексапил со италијански шмек за длабок џеб: Љупка Митрова го вкуси, погледна и искуси најубавото од Италија, но сепак остана ненаситна (фото)

Македонски сексапил со италијански шмек за длабок џеб: Љупка Митрова го вкуси, погледна и искуси најубавото од Италија, но сепак остана ненаситна (фото)

Откако повторно се активитраше на социјалните мрежи, атрактивната струмичанка, модел, инфлуенсерка и модна блогерка, Љупка Митрова, повторно е во фокус.

Љупка иако извесен период беше во медиумска илегала, за нејзините следбеници и медиумите таа „не излезе од мода“.

Секогаш во шема, периодов сакајќи да ги покаже и долови своите страсти и тековни афинитети. Јогата и готвењето се новина од она што го знаеме за неа, но дека е страствен љубител на модата и патувањата, отанува добро познато.

Инстаграм профилот на Љупка деновиве си доби туристичко–модно дополнување со бројни фотографии и видеа од патувањето во Италија.

Најпрвин се стационира во модната престолнина Милано каде беше сместена во ултра уникатен хотел со поглед кон најстарата активна шопинг галерија во Италија и главна знаменитост на Милано – Vittorio Emanuele II.

Сместена во четирикатната двојна аркада во центарот на градот, Љупка секојдневно праќаше поздрав од терасата.

А за такво место и таков поглед, треба и посебен стајлинг, елеганција во црно со акцент на ултра длабокото деколте кое падна во фокус, особено за припадниците на посилниот пол.

Заводлива и секси, шармантна и предизвикувачка од секоја поза, секој потег, споен со италијанскиот шарм за оние со подлабок џеб.

По Милано, следна на агенда беше Фиренца, па Тоскана.

Од италијанската понуда од патувањето во неколку дена приложено беше доста, но главната алка која „недоставуваше“ во случајот беше љубовта, односно партнерот зад објективот.

Но, тоа останува во приватноста, барем засега додека страствената модна вљубеничка не се реши да покаже кој ја инспирира и импресионира.

фото: Instagram printskrin/Ljupka Mitova

To top