Некогашна учесничка на домашните избори за убавина, македонска претставничка на меѓународните избори за мис и балкански амбасадор на убавината…
Бившата мисица, манекенка и модел, чија прва љубов се балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, однеодамна повторно се врати на јавната сцена, само сега не еден поинаков начин.
Иако денес е посветена мајка на две малолетни дечиња, Вера Мештеровиќ по разводот со бившиот фудбалер Игор Кралевски, одново е актуелна… И во медиумите и во јавноста, на естрадата, во модата, но и на ТВ екраните, во новата професија – ТВ водителка, како дел од тимот на утринската програма на „Канал 5“.
Телесните предиспозиции како главен адут, а меѓу нив доминантни – долгите нозе… Како заштитен знак на убавицата и по сите овие изминати години. Затоа, таа реши да ги уновчи. Или пак некој ги препозна нејзините телесни квалитети, па реши да ги искористи за реклама на своите производи.
А кога ќе се спојат брендот и топ моделот, ефектот од фузијата на убавото и корисното е неизбежен… И за окото на популацијата, особено она – машката и за продажбата на производот, кај женската!
А, кога Вера Мештеровиќ високо ќе ги крене нозете… Може ли некој да одолее? На хулахопките од брендот што го рекламира, се разбира!
Фото: Инстаграм принтскрин/veramesterovic