Гордана Ѓорчева, познатата ТВ спикерка на вести во МТВ, денес, 30-ти септември 2022 година, по втор пат стана баба.
Таа радосната вест ја сподели на својот Фејсбук профил и напиша:
„Вера се роди. Вања си доби сестричка. Мама Луци и тато Александар си имаат и ќеркичка, напиша Гордана.
Како што може да се заклучи осд споделениот пост на среќната баба, внуката го добила името по денешниот православен празник: ВЕРА, љубов, надеж…
Инаку, ТВ спикерката Гордана Ѓорчева беше во брак со покојниот наш актер Бранко Ѓорчев, со кој ја имаат ќерката Луција.
Фото: Фејсбук принтскрин/Gordana Gjorceva