Радио Милева до точка на топење...

Македонската секси фитнес инструкторка ве кани на „летен предизвик“: Ана Стојанова во стилот на Карлеуша, половина гола, половина закопчана до гуша! (ФОТО)

Македонската секси фитнес инструкторка ве кани на „летен предизвик“: Ана Стојанова во стилот на Карлеуша, половина гола, половина закопчана до гуша! (ФОТО)

Македонската фитнес кралица на социјалните мрежи, атрактивната инструкторка Ана Стојанова не застанува со својата понуда на нови проекти, со кои не престанува да изненадува. Летото е на прагот, па сексапилната убавица има нова тура совети како да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво. Патем, корона пандемијата за среќа полека го губи здивот, па ова лето речиси сите ќе поитаме некаде на плажа, а таму треба да се покажеш во најдобро светло, зашто меѓу останатото покрај водата, песокот, сонцето, уживањето во летните лудории… и „влажните погледи“ на околината се дел од убавината! Затоа по долгото седење дома во 4 ѕида, мора да се биде фит, да се има ако не совршена, барем пристојна линија, а за тоа Ана има рецепт: Нова тура фискултура и полна чинија здравје, секако!

Затоа бујната фитнес инструкторка  подгови посебна програма, специјален летен третман, еден вид на „летен предизвик“  кој го сподели на социјалните мрежи, со покана до сите оние кои сакаат ова лето да изгледаат „авион“, а како до тоа да дојдат, ако не можат никако да сфатат, треба само нејзиниот фитнес предизвик да го прифатат… И практикуваат, секако!

Но, предизвикот да се фатиш во костец со килограмите, нималку не е лесен, напротив – патот до посакуваниот изглед е трнлив и тежок, па за да  за да биде предизвикиот попримамлив и пожежок, згодната инструкторка и самата се потрудила да изгледа што „пожешко“!

Ана Стојанова во најавното видео клипче (с)облечена само во жолто ултра танга боди со повик  до својата армија следбеници да и се придружат на „топење“! Најчесто оние од понежниот пол ќе ги топат килограмите, а посилниот…?  Наместо сало и масти, да „се топи“ од желба, копнежи и страсти, не симнувајќи ги „влажните погледи“ од сексапилната фитнес инструкторка и нејзините бујни облини.

А, Ана Стојанова во стилот на Карлеуша… Половина гола, половина закопчана до гуша! Извајаната задница разбирливо, доминантна, зашто патот до освојување на нова клиентела е најбрз, колку и клиентот да е колеблив и крут, ако го покажеш најсилниот адут! А со вакво га*е, навистина многу малку дами кај нас, можат да се пофалат во овој час!

Или како што и самата инструкторка покрај една од своите секси фотографии на својот Инстаграм самата напишала:

„Можеби целта е слабеење и топење на масти, но Армијата знае дека нема да дозволам да трпи 🍑-то ни тогаш!“

Ана се перфектно смислила и скоцкала, па иако со својот „летен предизвик“ воглавном им се обраќа на дамите, доколку сте ТОЈ наместо ТАА и сметате дека можете да се фатат во костец со нејзиниот предизвик – повелете, кажете, кај инструкторката добродојдени се и мажите!

Во спротивно, доколку не ви се слабее ниту грам, бидете така и останете да гледате во нејзините раскошни фотки и клипчиња на Инстаграм!

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

 

 

To top