Македонската ријалити ѕвезда се сврши. Елеонора Миљковиќ беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска.
Чинот на запросувањето се случил вчера, четврток, 16 јуни 2002, во атарот на една позната, елитна скопска винарија, каде откако нејзиното момче по стариот добар обичај клекнаувајќи на колена и подарил скапоцен веренички прстен и ја побарал нејзината рака, македонската ријалити учесничка кажала – ДА!
Скопската убавица претходно со ништо не најави дека е „на чекор“ од запловување во брачните води, што не ја исклучува можноста и самата навистина да била изненадена од запросувањето, иако многумина велат дека не е баш така.
Гледајќи ги споделените фотографии и видеа на нејзините Инстаграм приказни, тврдат дека запросувањето изгледа како да било „однапред режирано“, со срце од рози на плочникот, огномет со поставени прскалки, црвени срце балони и подготвени фотообјективи за да го овековечат чинот.
Како и да е бившата ријалити ѕвезда од „Задруга“ и едно време ТВ презентерка на временска прогноза на српската „ТВ Ред“, сексапилната инфлуенсерка и модел, Нора го кажа своето судбоносно – ДА.
Скопската убавица веднаш се пофали со својот свршенички прстен, за кој се зборува дека е со дијамантски циркони.
Големиот букет од (само идниот зет знае колку) црвени рози и свршеничката торта во облик на црвено срце на кое е испишано: “Таа кажа да“ , биле само дополнителен дел од вереничкиот декор на идната брачна двојка.
Момчето во елегантно спортска бела комбинација, идната невеста на високи потпетици во долг, елегантен, црн летен фустан како црно-бела симболика на спротивностите кои како плус и и минус, како половите на магнетот силно се привлекуваат.
Свршеничката веселба потоа продолжила во еден познат скопски ланч-ресторан и кафе-бар, каде вереничкиот декор го надополниле и балоните, меѓу кои доминира оној во форма на свршеничкиот прстен.
За потоа славјето да заврши длабоко во ноќта во домашен амбиент кај идната невеста во дворот на семејната куќа со танци, песна и пијалак и… веренечки нежности.
Дали веќе и кога е закажана и свадбената веселба, засега никој од двојката не открива. Како и да е некогашната „задругарка“, го направи првиот (пред)брачен чекор на патот наскоро да стане невеста, а со тоа и нечија сопруга! Нека е со среќа!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__