Радио Милева „експлозивна“ девојка...

Македонската ријалити ѕвезда и ТВ водителка Елеонора Миљковиќ потврди дека е „секс бомба“ во бикини: Еве кој е среќникот кому „бомбата“ му е в раце (ФОТО)

Македонската ријалити ѕвезда и ТВ водителка Елеонора Миљковиќ потврди дека е „секс бомба“ во бикини: Еве кој е среќникот кому „бомбата“ му е в раце (ФОТО)

Скопјанката Елеонора Миљковиќ пошироката јавност  ја запозна како македонска ријалити ѕвезда, која пред неколку години беше дел од најгледаното реално шоу во регионот „Задруга“. Во меѓувреме се промовираше себе си како трендсетерка и инфлуенсер, а годинава ги спакува куферите и замина за Белград, за среќата да си ја проба и како ТВ водителка. Или поточно презентерка на временската прогноза на новотворената ТВ Ред, канал наменет за забава, инспирирана од модерните текови и технологии и животот на младите генерации во новото време, колку на повозрасните или поконзервативните тоа и да им изгледа „ненормално“!

Атрактивна, згодна, сексапилна, пожелна, провокативна…  особено кога ќе се соблече. Во “Задруга“ ја видовме пиштол гола под тушот, но на социјалните мрежи најчесто е во бикини или долна облека…

Впрочем што и да облече, предизвикува колективни воздишки, копнежи, мечти… Тоа до сега илјада пати го докажала, со своите провокативни стајлинзи, предизвикувачки фотографии, жешки пози… на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде Нора е многу активна.

Така беше и ова лето, во кое својот одмор кое сексапилната убавица го мина на море… Егзотична дестинација и уште поегзотичен провод, со сите „салтанати“…

Раскош и убавина на сите страни, од дестинацијата и локацијата, до расната убавица и нејзините бујни, телесни облини кои Еленора одново ги сподели на социјалните мрежи возбудувајќи ги нејзините следбеници.

Несомнено дека Елеонора и овој пат потврди дека е вистинска „секс бомба“ во бикини, но откри и уште нешто: Кој е среќникот кому „бомбата“ му е в раце или барем на дофат на рака, кога и да посака?!

Имено, Нора и ова лето на одмор беше со своето момче, со кое и покрај „слободата на движење“ се забавува веќе неколку години.  Младо мускулесто момче, кое очигледно „кисне“ во теретана,  кој е познато дека се вика Чедо.

Токму тој е среќникот кој има можност речиси кога и да посака „секс бомбата“ да му е в раце, што го покажуваат и фотографиите од нивниот годинешен летен одмор.

Прегратки во вода и израз на љубов и страст во стилот: „твоите бакнежи на мојот врат“, се само дел од лепезата фотографии споделени со јавноста.

Она другото, секако не за покажување… само за доживување, кое само Чедо знае како изгледа… Кога “секс бомбата“ ќе „експлодира“, се разбира!

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__

 

To top