Радио Милева Показна вежба или...

Македонската репрезентативка Јулија Живиќ сликовито покажа: Вака фудбалерките менуваат дрес после натпревар или пред утринско… кафе?! (ФОТО)

Македонската репрезентативка Јулија Живиќ сликовито покажа: Вака фудбалерките менуваат дрес после натпревар или пред утринско… кафе?! (ФОТО)

Фудбалот отсекогаш бил актуелен, интересен, возбудлив… особено последниве  години кога  фудбалските репрезентации играат разни квалификации, а најдобрата машка А селекција постигнува историски успеси. Но, покрај машкиот, во последно време се’ поинтересен и попривлечен станува и женскиот фудбал насекаде, па и кај нас во Македонија. Особено репрезентативниот, зашто и меѓу „машката игра“ дефинитивно има убавици со манекенска става и ангелски лик кои ги знаат сите тактики, дриблинзи, трикови, финти… на, а и надвор од зелениот терен.

За една од нив важи и македонската фудбалска репрезентативка Јулија Живиќ, за која веќе и претходно пишувавме.

До душа, останаа многу неодговорени прашања околу  приватниот живот, љубовта, дали е во врска, дали можеби некој македонски фудбалер и се допаѓа, или тој неа и „фрлил око“ или како што денес во жаргон се вели: „пробал да ја мува“, дали и девојките на крајот од натпреварот се случува да ги менуваат дресовите или некоја од нив да го соблече дресот кога ќе постигне гол… !

Јулија како да не послуша, па фудбалската убавица која се’ почесто почна да споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, реши да одговори на една од нашите претпоставени дилеми, а и дилема која ја мачи јавноста. И тоа сликовито, со показна вежба на практичен пример.

Така, уште рано изутрина додека го подготвуваше првото утринско кафе, пред истото онака мераклиски да го испие, уште помераклиски младата фудбалска репрезентативка во кујната се фати за дресот. Добро, за маичката, која тргна да покажува како ја соблекува… Исто како дресот по натпревар, како одговор на прашањето дали и фудбалерките си ги менуваат дресовите со своите колешки од противничката екипа откако мечот ќе заврши!?

Или можеби гестот случајно се поклопи со љубопитноста на нацијата, а Јулија всушност маичката тргнала да ја соблекува од други побуди… Утрински! Одоговорот веројатно лежи во едно од претходните дилеми околу љубовта и љубовниот живот на македонската репрезентативна фудбалерка, што пак поттикна нова дилема: „Со кого тоа Јулија Живиќ рано наутро пие утринско кафе?“ И дали дошло до размена на маичките или нешто повеќе од тоа, како на пример размена на прегратки, бакнежи, допири… и останати нежности и страсти?

Едно е евидентно:  Сама сигурно не била… Зашто некој морал и да ја слика, нели? Е сега, во прашање е само фотосесија или утринско „лечење депресија“ со некој Ромео, знае само Јулија!

Но, прво кафето, па… сето останато. И добро е што навреме се сетила да го ислучи шпоретот!

Фото: Инстаграм принтскрин/zivic.julija

 

To top