Радио Милева од денес е бринета

Македонската пејачка драстично се промени: Ќе можете ли да ја препознаете? (ФОТО)

Македонската пејачка драстично се промени: Ќе можете ли да ја препознаете? (ФОТО)

Промените не се ништо ново кога се жените воопшто во прашање, а камо ли оние од естрадата. За да не и збогтисаат на публиката пејачките секојдневно го менуваат стајлингот, а честопати  и изгледот… Од оние, поретките, периодични промени, како што се естетските зафати на лицето, усните, градите, задникот…, па се оние секојдневните на бојата на карминот, шминката, фризурата…!

Таа важи за една од оние пејачки кај нас која особено внимаваат на себе, својот стајлинг и изглед, па затоа и е една од најпознатите и најпопулани фолкерки не само во Македонија, туку полека почнува да се пробива и надвор од неа, правејќи кариера во соседството, особено во Бугарија!

Расната и бујна русокоса  реши да ги изненади сите, а најмногу своите фанови драстично менувајќи ја бојата на косата и преку ноќ стана бринета. Една мала промена која тотално и го смени ликот, изгледот, имиџот… речеиси до непрепознавање на… ако не можевте до сега да погодите – Елена Велевска.

И самата во недоумица, дали и како ви се допаѓа нејзиниот нов изглед со новата боја на косата, не става и нас, а веројатно и вас исто така во дилема?

Дали се работи за храбар потег на фолк ѕвездата или само за вешт експеримент на пејачката, која ставајќи перика, само се обидува да го привлече вниманието, ама и да го искуши мислењето на публиката!

Што и да е, Елена Велевска (од) денес е црнка. Со нова фризура и црни влакна… на главата!

 

 

 

To top